• среда, 02 октомври 2024

Сончево со мала локална облачност

Сончево со мала локална облачност
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието (повремено со брзина над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 12 степени. Во следните два дена времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во недела.
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан