Сончево со мала до умерена облачност

Скопје, 17 август 2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ=7
Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната температура од 24 до 31 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ=7
Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната температура до 31 степени.
Во следните денови во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Во среда на повеќе места да биде нестабилно, а локално процесите да бидат и поинтензивни. Постабилно и нешто потопло време се очекува кон крајот на наредната седмица.