• петок, 30 август 2024

Сончево со мала до умерена локална облачност

Сончево со мала до умерена локална облачност
Скопје, 12 септември   2020 (МИА) - Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната од 28 до 35 степени. Во Скопје, претежно снчево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степени. До среда ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Во четврток се очекува развој на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Остани поврзан