Совет на амбасадори: Со загриженост ги следиме настаните на северниот дел на Косово
- Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори, со загриженост ги следи настаните на северниот дел на Косово после напуштањето на државните институции од поголемиот дел
Скопје, 8 ноември 2022
Здружението за надворешна и меѓународна политика Совет на амбасадори, со загриженост ги следи настаните на северниот дел на Косово после напуштањето на државните институции од поголемиот дел на полициски службеници и вработени во административните служби.
Советот смета дека лидерите на Србија и Косово треба тесно да соработуваат со меѓународната заедница, со Европската Унија и со САД за да се смират тензиите и претставниците на србите да се вратат на работните места во државните институцiiи, а косовските лидери да ги почитуваат насоките на европските лидери и на САД за продолжување на рокот за примена на одлуките за замена на табличките.
Тоа истовремено подразбира дека претставниците на Србија и Косово треба што поскоро да се вратат на преговарачката маса и преку француско-германскиот план да дојдат до мирно, разумно и одржливо решение за постоечките проблеми сé до конечен договор.
Советот на амбасадори проценува дека заострувањето на состојбите во овој дел на Балканот, може да го дестабилизира и регионот на Југоисточна Европа, со пошироки последици и за целиот Европски континент!
Советот е убеден дека градењето на ефикасна, просперитетна и економски конкурентна мултиетничка држава, пред сé зависи од развојот на демократијата и јакнењето на сожителството меѓу граѓаните во таа држава.
Извршен Одбор на СА
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.