Советот на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ го објави меѓународниот конкурс за карикатура
- Во рамки на подготовките за 16. Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, како домаќин и организатор и Советот на Фестивалот, го објавија конкурсот за карикатура.
Виница, 6 септември 2024 (МИА) – Во рамки на подготовките за 16. Меѓународен фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, Домот на културата „Тошо Арсов“ од Виница, како домаќин и организатор и Советот на Фестивалот, го објавија конкурсот за карикатура.
Карикатуристите од целиот свет годинава треба да творат на тема „Кој прв започна“ и секој автор може да испрати најмногу по три свои дела.
- Големината на карикатурите треба да биде во формат А3 или А4, со резолуција од 300 dpi, при што можат да се достават во оригинал или копија испратена по електронска пошта на адреса invinicaveritasfestival@gmail.com. Стручна жири комисија на Фестивалот ќе ги прегледува пристигнатите карикатури и од нив ќе ги избере најдобрите три што ќе бидат парично наградени, истакна Благица Стојановска, директорка на Домот на културата „Тошо Арсов“.
Според пропозициите во конкурсот, рокот за испраќање на карикатурите е до 1 октомври. Наградите на добитниците ќе им бидат врачени за време на одржувањето на фестивалот „Ин Виница веритас“, што годинава се најавува за средината на октомври.
По соопштувањето на резултатите, наградените дела задолжително треба да се испратат во оригинал, на адреса на Домот на културата “Тошо Арсов“ – Виница. та/цр
фото: МИА