• понеделник, 16 декември 2024

Советот на странски инвеститори ќе презентира наоди од анкета за инвестициите

Советот на странски инвеститори ќе презентира наоди од анкета за инвестициите

Скопје, 19 декември 2023 (МИА) - Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Северна Македонија денеска ќе презентира резултати од анкета за странските директни инвестиции во земјава - актуелните состојби, ограничувачките фактори, идните трендови и очекувањата на компаниите со странски капитал за наредниот период. 

Наодите од анкетата,  пред претставници на компании членки, странски амбасади во земјава и медиумите, ќе ги претстави Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвеститори на прес-конференција на тема „Бизнис и инвестициски индикатор 2023“.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан