• петок, 08 ноември 2024

Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран

Советот за безбедност на ОН се очекува утре да расправа за израелските напади врз Иран

Њујорк, 27 октомври 2024 (МИА) – Советот за безбедност на Обединетите нации се очекува да се состане утре за да разговара за нападот на Израел врз Иран, јави Тајмс оф Израел повикувајќи се на дипломати.

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи го повика Советот за безбедност да се состане за „криминалните напади“, велејќи дека тие се „тешка закана“ за мирот, а дипломатите рекоа дека Советот најверојатно утре ќе разговара за ситуацијата.

Амбасадорот на Израел во ОН Дени Данон ја отфрли жалбата на Иран во Обединетите нации, велејќи дека Иран „се обидува да дејствува против нас на дипломатската арена со смешно тврдење дека Израел го прекршил меѓународното право“.

- Како што постојано велевме, имаме право и должност да се браниме и ќе ги искористиме сите средства што ни се на располагање за да ги заштитиме граѓаните на Израел, рече Данон. јт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан