• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кралот Чарлс Трети се сретна со индискиот премиер Моди

Кралот Чарлс Трети се сретна со индискиот премиер Моди

Лондон, 24 јули 2025 (МИА) – Британскиот крал Чарлс Трети се сретна со индискиот премиер Нарендра Моди по потпишувањето на трговскиот договор меѓу Велика Британија и Индија.

Чарлс и индискиот лидер разговараа на приватниот имот на кралот Сендрингем во Норфолк, откако премиерот Кир Стармер се сретна со својот индиски колега во Чеперс, пренесе ДПА.

Британскиот министер за претпријатија и трговија Џонатан Рејнолдс, и неговиот индиски колега, Пијуш Гојал, формално го потпишаа трговскиот договор во големата сала на Чеперс, официјалната селска резиденција на Стармер.

Кралот последен пат се сретнал со индискиот лидер во декември 2023 година на маргините на самитот за климатски промени на ОН, КОПP28, кој таа година се одржа во Дубаи. Постојат шпекулации дека кралот и кралицата би можеле да остварат државна посета на Индија.

За време на нивната средба, кралот доби дрво кое ќе биде засадено оваа есен, инспирирано од еколошката иницијатива Ek Ped Maa Ke Naam (Едно дрво во името на мајката), што ја почна Моди, која ги охрабрува луѓето да засадат дрво во чест на своите мајки. јт/

Фото: ДПА

Остани поврзан