• сабота, 23 ноември 2024

Советници од кампањата на Трамп ќе добијат високи позиции во неговата администрација

Советници од кампањата на Трамп ќе добијат високи позиции во неговата администрација

Вашингтон, 13 ноември 2024 (МИА) - Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека четворица клучни советници од неговата изборна кампања ќе добијат високи позиции во новата администрација на Белата куќа, пренесува Анадолија.

Трамп објави дека Дан Скавино ќе се врати во Белата куќа како помошник на претседателот и заменик шеф на кабинетот.

Стивен Милер ќе служи како помошник на претседателот и заменик шеф на кабинетот за политика и советник за внатрешна безбедност.

Џејмс Блер ќе има улога на помошник на претседателот и заменик шеф на кабинетот за законодавни, политички и јавни работи, а Тејлор Будович ќе биде помошник на претседателот и заменик шеф на кабинетот за комуникации и персонал.

„Дан, Стивен, Џејмс и Тејлор беа најдобрите советници во мојата победничка кампања и знам дека ќе му служат чесно на американскиот народ во Белата куќа. Ќе продолжат да работат напорно за повторно да ја направат Америка голема,“ наведе Трамп.

Трамп победи на изборите на 5 ноември, обезбедувајќи 312 електорски гласови. ссм/

фото: архива

Остани поврзан