Советник на Трамп позитивен на коронавирус
- Советникот на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Кори Левандовски е позитивен на коронавирус.

Вашингтон, 12 ноември 2020 (МИА) - Советникот на изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп, Кори Левандовски е позитивен на коронавирус.
Тој изјави дека најверојатно се заразил во Филаделфија, но немал никакви симптоми.
Левандовски присуствувал на неколку настани за време на изборната кампања, како и на прославата во текот на изборната ноќ во Белата куќа, на која биле неколку луѓе кои подоцна е утврдено дека биле позитивни на тестот за Ковид-19.
Голем број вработени во Белата куќа се позитивни на коронавирус во вториот бран на епидемијата, вклучувајќи го и шефот на кабинетот на Трамп, Марк Медоуз. гт/