• петок, 05 декември 2025

Собраниска 72. седница, продолжението ќе биде дополнително закажано

Собраниска 72. седница, продолжението ќе биде дополнително закажано

Скопје, 4 декември 2025 (МИА) - Продолжението на 72. собраниска седница кратко по почетокот беше прекината поради, како што кажа потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, немање на деловнички можности и неприсуството на владините претставници предлагачи на предлог-законите што се на дневниот ред на седницата.

Милошоски потенцира оти со точките ќе продолжат кога ќе се создадат услови, а за продолжението најави дека допопнително ќе информираат од Собранието.

Преостанати точки од оваа седница се Прeдлог на одлуката за избор на директор на Агенцијата за заштита на личните податоци, Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија и Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ).

На дневен ред на оваа седница по скратена постапка се Предлог на законот за изменување на Законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог на законот за изменување на Законот за средното образование и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка. фф/вг/

Фото: Принтскрин од видео

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан