Собранието ги донесе измените на Изборниот законик и дополнувањата на Законот за изградба на автопатот Кичево – Охрид
- Собранието денеска, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип и патната делница Кичево – Охрид.
Скопје, 1 април 2024 (МИА) - Собранието денеска, во рамки на 150. седница, го донесе Законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци - Штип и патната делница Кичево – Охрид.
Пратениците му дадоа „зелено светло“ и на Законот за изменување и дополнување на Законот за буџети, како и на Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик.
Сите закони беа донесени без расправа и по скратена постапка. мч/са/
Фото: МИА