• сабота, 23 ноември 2024

Сноуден негира дека на американската Влада ќе ѝ даде пет милиони долари

Сноуден негира дека на американската Влада ќе ѝ даде пет милиони долари
Москва, 23 септември 2020 (МИА) – Едвард Сноуден, поранешен член на Агенцијата за национална безбедност на САД (НСА), негираше дека се согласил на американската влада да и даде пет милиони долари што ги заработил од продажбата на неговата автобиографија и говори ширум светот. Тој на својот профил на Твитер напиша дека Си-Ен-Ен погрешно ја интерпретирал информацијата и оти подобар наслов на текстот би бил „САД би можеле да заработат до пет милиони долари со помилување на Сноуден“. - Под А, тоа не е договор, јас не се согласив со тоа. Под Б, пресудата во овој случај на цензура не може да се спроведе додека сум во егзил, но ионака никогаш не сум имал толку пари, напиша Сноуден. Си-Ен-Ен вчера јави дека, според договорот меѓу Сноуден и администрацијата на Трамп, парите ќе бидат депонирани во посебен фонд. Минатата година Сноуден ја објави книгата „Трајно досие“ (Permanent Record) и со тоа го прекрши договорот што го склучи со ЦИА и НСА. Во книгата од која заработи неколку милиони долари, тој открива како американската Влада создала систем за масовно следење. Сноуден, кој моментално живее во Русија, заработи 4,2 милиони долари од продажбата на книгата и авторските права. Неговите говори, кои досега се повеќе од педесет, чинат во просек околу 18.000 американски долари. јт/

Тагови

Остани поврзан