• сабота, 09 ноември 2024

Сноуден доби син

Сноуден доби син
Москва, 226 декември 2020 (МИА) - Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден и неговата сопруга добија син, а веста ја споделија на социјалните мрежи. - Среќни празници од нашето новопроширено семејство, напиша сопругата на Сноуден, Линдзи Милс, на Инстаграм. Сноуден минатиот месец објави дека тој и сопругата ќе побараат руско државјанство. Тој има дозвола за постојан престој во Русија. Сноуден (37) побегна од САД бидејќи како вработен во американската Национална безбедносна агенција (НСА) во 2013 година објави стого доверливи податоци за методите што ги применува американката разузнавачка служба, вклучително и незаконско прислушување на странски лидери. Тој во 2013 година беше обвинет за шпионажа. ми/

Тагови

Остани поврзан