• четврток, 07 ноември 2024

Снежа Стојановска нов директор на Основното училиште со Ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ во Велес

Снежа Стојановска нов директор на Основното училиште со Ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ во Велес

Велес, 6 ноември 2024 (МИА) - Дефектологот Снежа Стојановска е назначена за нов директор на Оснoвното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ во Велес. Таа решението го добива и функцијата почна ја извршува од 15 октомври.

Таа доаѓа на местото на досегашната директорка Мирјана Петрушевска која раководеше со оваа училиште за деца со посебни потреби, а од пред три ипол години во училиште со Ресурсен центар за целото Повардарие.

Инаку Стојановска и досега работеше во оваа училиште како специјален едукатор и рехабилитатор во предметна настава, а воедно е и претседател на невладиното здружение на граѓани, Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби.

Во информацијата за МИА, најави дека приоритет во нејзината работа како директор ќе и биде сигурна и безбедна средина на сите ученици во оваа и останатите училишта од Повардарието за кои тие водат грижа.

-Воедно приорите во мојата работа ќе ми биде подобрување на условите за живот и школување и остварување на правата во општествениот живот на децата со посебни потреби, нагласи Стојановска.

Во училиштето моментално се школуваат 40 деца со посебни потреби,а во школскиот интернат во текот на работната недела престојуваат десетина деца од населените места од Повардарието.и велешкиот поширок регион.

Покрај основната дејност, образование и воспитување, дополнителна дејност е едукација и третман на образовни асистенти

Оснвното училиштето со Ресурсен центар  „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ води грижа за стотина   ученика  со посебни потреби, во 31 редовно основно училиште, од 11 општини во Повардарјето и  централниот дел на Источна Македонија.ад/бт/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан