• недела, 22 декември 2024

Шест дебарски каратистки на Балканскиот шампионат во Сараево

Шест дебарски каратистки на Балканскиот шампионат во Сараево

Дебар, 6 ноември 2024 (МИА) - Шест каратистки од дебарскиот карате клубот „Дибра" како дел од македонската репрезентација ќе учествуваат на Балканскиот шампионат, кој од 8 до 10 месецов ќе се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина.

- Учеството на толкав број наши каратистки самото по себе е огромен успех. Патуваме со убедување дека гордо ќе ја претставуваме нашата земја и секако се надеваме на успех, рече за МИА, Дурим Пачуку тренер на клубот, воедно и на македонската репрезентација.

Додава дека тоа се каратистките Ера Коџа, Сара Дука, Влера Сеља, Буна Сеља, Блина Горенца и Хена Франгу, познати по досега постигнатите одлични резултати на разни натпревари.

- Им благодариме на градоначалникот на општината Хекуран Дука и на родителите за поддршката што ни ја дадоа и овој пат. Убеден сум дека и овој пат нашите сограѓани ќе бидат горди на нас, посочи Пачуку.
 
Каратистките Ера Коџа и Блина Горенца како дел од македонската репрезентација, учествуваа на Светското првенство што од 9 до 13 минатиот месец  се одржа во Венеција, Италија. вт/дма/


Фото: КК „Дибра"
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан