Снег на Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, укинати забраните за камиони
- Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот. Во останатите делови од државата коловозите се претежно суви, информира АМСМ. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово, Крушево, на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека. Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража и крак Маврово - Дебар се укинати изутрина во 05:30 часот.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.