Сместувањето во штипската Градска бања „Кежовица“ зголемено за 100 денари
- За 100 денари е покачена цената на ноќевање во Градската бања „Кежовица“, која е дел од Јавното претпријатие (ЈП) „Исар“ во Штип. Оние граѓани кои ќе сакаат да сместат во сместувачкиот капацитет на Градската бања „Кежовица“ наместо досегашните 400 денари ќе плаќаат по 500 денари од ноќ. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека инвестиции во бања „Кежовица“ имало и дефинитивно условите се подобрени. Тој забележа дека во моментот бањата „Кежовица“ работи со загуба од четири милиони денари на годишно ниво.
Штип, 28 јануари 2025 (МИА) - За 100 денари е покачена цената на ноќевање во Градската бања „Кежовица“, која е дел од Јавното претпријатие (ЈП) „Исар“ во Штип. Оние граѓани кои ќе сакаат да сместат во сместувачкиот капацитет на Градската бања „Кежовица“ наместо досегашните 400 денари ќе плаќаат по 500 денари од ноќ. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека инвестиции во бања „Кежовица“ имало и дефинитивно условите се подобрени. Тој забележа дека во моментот бањата „Кежовица“ работи со загуба од четири милиони денари на годишно ниво.
-Ова зголемување и тоа само во делот на ноќевањата нема драстично да ги зголеми финансиските показатели на ЈП „Исар“, тоа е само еден дел од начините да може навремено да ги сервисираме обврските, вели Арсовски.
Инаку Градската бања „Кежовица“располага со 13 соби и 28 легла. вдј/аа/
Фото: МИА