• среда, 27 ноември 2024

Службеничка на Стејт департментот поднесе оставка, велејќи дека извештајот на администрацијата до Конгресот за Газа е погрешен

Службеничка на Стејт департментот поднесе оставка, велејќи дека извештајот на администрацијата до Конгресот за Газа е погрешен

Вашингтон, 31 мај 2024 (МИА) - Службенчка на Стејт департментот, која поднесе оставка оваа недела, изјави дека причината за нејзиното заминување е извештајот на администрацијата до Конгресот во кој таа рече дека погрешно е наведено оти Израел не ја блокира хуманитарната помош за Појасот Газа.

Вработената Стејси Гилберт, од Бирото за население, бегалци и миграција на Стејт департментот, била експерт за извештајот, но поднесе оставка во знак на протест против политиката на претседателот Џо Бајден кон Израел.

-Постои толку јасна разлика помеѓу доброто и погрешното, а она што е во овој извештај е погрешно, рече Гилберт во интервју.

ОН и организациите за хуманитарна помош долго време изразуваат загриженост за опасностите и пречките за примање и дистрибуција на помош во Појасот Газа. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан