• вторник, 11 март 2025

Слот: ПСЖ е најкомплетниот противник на Ливерпул оваа сезона

Слот: ПСЖ е најкомплетниот противник на Ливерпул оваа сезона

Ливерпул, 11 март 2025 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, смета дека тимот мора да го одигра својот најдобар натпревар сезонава против ПСЖ во осминафиналето на Лигата на шампионите.

- Да, навистина мислам така, бидејќи ова е најкомплетниот тим од сите што сме ги сретнале. Што подразбирам под совршено? Игравме со Арсенал и Манчестер сити и не е дека ПСЖ е многу над нив, тоа е интензитетот со кој играа парижаните во комбинација со квалитетот што го имаат. Тие имаат многу високо ниво на обука и многу, многу добар тренер, изјави Слот за клупскиот сајт.

Натпреварот Ливерпул – Пари Сен-Жермен ќе се игра вечер од 21 часот на „Енфилд“.

Првата средба меѓу екипите заврши со победа на англискиот тим со 1:0, иако парижаните доминираа на теренот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан