Слот жали за своите постапки по дербито со Евертон
- Тренерот на Ливерпул, Арне Слот жали за своите постапки по ремито со Евертон на „Гудисон Парк“ во вторникот вечерта. Дербито на Мерсисајд заврши на драматичен начин, при што домаќините израмнија длабоко во додаденото време за 2:2.

Ливерпул, 14 февруари 2025 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Арне Слот жали за своите постапки по ремито со Евертон на „Гудисон Парк“ во вторникот вечерта. Дербито на Мерсисајд заврши на драматичен начин, при што домаќините израмнија длабоко во додаденото време за 2:2.
По последниот судиски свиреж, дојде до сериозни судири меѓу играчите на двата тима, при што главниот судија Мајкл Оливер покажа четири црвени картони, меѓу кои и на менаџерот на „црвените“.
Слот зеде слобода да го повлече Оливер за рака, разменувајќи неколку зборови со него. Веднаш потоа судијата му додели директен црвен картон.
На својата прес-конференција пред мечот со Вулверхемптон, Слот одби да ја открие причината за неговото исфрлање, со оправдување дека во моментов се води истрага за случајот.
Сè уште не е јасно дали Слот ќе биде на клупата на Ливерпул на домашниот натпревар против „волците“ во недела. Првично премиерлигашот го казни Холанѓанецот на два натпревари, но неколку минути подоцна ја промени одлуката и најави дека го чека судискиот извештај за конечна одлука.
-Во моментов се одвива процес и морам да го почитувам, па не можам да навлегувам во детали. На крајот се случи додадените пет минути да станат осум. Тоа се случува често и во овој случај преовладуваа емоциите. Гледајќи наназад на она што се случи, би сакал мојата реакција да беше поинаква. Следниот пат ќе реагирам поинаку. Постои тековен процес во врска со тоа што беше кажано и што се случи, и не сакам да го нарушам, прокоментира Арне Слот. дс
Фото: Архива