• среда, 26 март 2025

Словенечки пожарникари во работна посета на Берово

Словенечки пожарникари во работна посета на Берово

Берово, 24 март 2025 (МИА) - Пожарникари од Доброволно противпожарно здружение ,,Бритоф" , од Република Словенија денеска се во работна посета на Општина Берово. Заедно со претставник од цивилната заштита од Општина Крањ, Вид Кричмар тие остварија средба со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

-Разменивме искуство, разговаравме за идна соработка во противпожарна заштита и комунална хигиена. Исто  така разговарано е за присуство на беровските пожарникари, на вежба во Крањ, во текот на месец мај, како и на обуки во делот на противпожарна заштита, истакна Пекевски. 

Тој уште еднаш изрази благодарност за претходни донираното возило за противпожарна заштита, кое со поддршка на семејството Газинковски, беше доделено во корист на жителите на Општина Берово.

-Денешниот ден заеднички го искористивме и за да ја посетиме улицата ,,Жан Кофол", која не поврзува како народи, а која ја именувавме во чест на прерано загинатиот пожарникар и неговиот придонес во гаснењето на пожарите во Малешевијата, во 2021 година, додаде Пекевски.

Во рамки на посетата истотака биле разменети мислења помеѓу словенечките и пожарникарите од ТППЕ Берово. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан