• среда, 27 ноември 2024

Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“

Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана на 28 мај гостува со камерната опера „Свадба“ на 52. „Мајски оперски вечери“

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Во рамките на престижниот фестивал 52. „Мајски оперски вечери“ на 28 мај со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет ќе гостува Словенечкиот камерен музички театар од Љубљана со камерната опера „Свадба“ од Ана Соколовиќ.

„Свадба“ е камерна опера на српски јазик за шест женски гласови, А капела и повремена придружба на ударни инструменти во изведба на самите пејачи. Музиката и либретото се напишани од Ана Соколовиќ, српска композиторка која живее во Канада. Дејството на операта се случува вечерта пред свадбата на Милица, млада девојка која со другарките го слави заминувањето во брачниот дом. Делото, премиерно беше прикажано во 2011 година во Торонто, а оттогаш редовно се изведува на многу сцени ширум светот.

Диригент е Јелена Шасник, режијата е на Андреј Јус, сценографијата на Јаро Јеше, а костимографијата на Маја Сотошек.

Настапуваат: сопраните Штефица Грасели, Тереза Плут сопран и Катја Конвалинка и мецозопраните Ирена Јебуах Тиран, Барбара Јернејчиќ и Ања Земљариќ. вг/

Фото: Национална опера и балет

Остани поврзан