• недела, 28 јули 2024

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во официјална посета на Северна Македонија

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар во официјална посета на Северна Македонија

Скопје, 13 јуни 2023 (МИА) - Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска престојува во официјална посета на земјава, во рамки на која ќе се сретне со нејзиниот домаќин, претседателот Стево Пендаровски, а ќе има средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Парламентот.

Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев. аа/лв/

Фото: https://www.predsednica-slo.si/

 

Остани поврзан