• сабота, 23 ноември 2024

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа, Москва враќа со иста мера

Словачка протера руски дипломати поради шпионажа, Москва враќа со иста мера
Братислава10 август 2020 (МИА) - Словачка протера тројца руски дипломати поради сомнение дека се занимавале со шпионажа. Портпаролот на словачкото Министерство за надворешни работи Јурај Тамага во изјава за весникот „Деник Н“ ја потврди информацијата. Словачки медиуми јавуваат дека руските дипломати биле прогласени за „персона нон грата“ уште на 6 август. Руското МНР денеска соопшти дека на овој чекор на Словачка ќе возврати со иста мера. „Традиционално, ќе одговориме со иста мера“, соопшти МНР на Русија. ссм/

Остани поврзан