• среда, 08 април 2026

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“

Трамп: Одличен ден за светскиот мир, ова може да биде „златна ера на Блискиот Исток“

Вашингтон, 8 април 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“, како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следува „златна ера на Блискиот Исток“.

„Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го почне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме резерви од сите видови и ќе бидеме блиску за да се осигуриме дека сè ќе оди како што треба. Сигурен сум дека ќе биде така“, напиша Трамп утрово на својата мрежа „Тру соушал“.

Како што додаде, „исто како што го доживуваме во САД, ова може да биде златната доба на Блискиот Исток“.

Неколку часа претходно, Трамп изјави дека по разговорите со раководството на Пакистан, се согласил на прекин на огнот меѓу САД и Иран во период од две недели.

Кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат двонеделен договор за прекин на огнот, иранските власти објавија соопштение, во кое го потврдуваат договорот велејќи дека договорот вклучува „продолжена иранска контрола врз Ормуската Теснина“.сд/аб/

Фото:МИА 

Остани поврзан