• понеделник, 23 декември 2024

Славески: На градоначалничката Арсовска и треба одмор

Славески: На градоначалничката Арсовска и треба одмор
Скопје, 13 септември 2022 Пред летните одмори градоначалникот Арсовска изјави дека ќе работи цело лето и нема да земе одмор, мој совет е да си земе малку одмор, затоа што се гледа нервоза, а во нервоза и брзоплетост се прават грешки. Од она што го гледам и од она што постојано се случува во градската администрација, беше јасно потребен е одмор. Мене ми изгледа како госпоѓата Арсовска на моменти да изгледа како четири годишно дете, кое што има чеканче во рака и секој предмет што е околу него го гледа како клинец, како шајка и само удира. Тоа удирање треба да запре, изјави Трајко Славески член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на советот на град Скопје. Однесувањето на Арсовска односно разрешувањето на најблиските соработници, на директорите на јавните институции, за Славески не изгледа како постапка на искусен менаџер. -Во интерес на граѓаните со извлекување на поуки од ова што се случува, доведување на работите и однесувањето на своето место, како возрасни личности да продолжиме да функционираме во интерес на граѓаните на Градот Скопје. Јас тоа го ветувам, без разлика колку долго ќе останам претседател на Советот, ветувам дека советот така ќе продолжи да функционира, посакувам и сите останати така да функционираат, рече Славески. Одговарајќи на прашање за тоа како ќе профункционираат институциите во следниот тежок кризен период во кои Арсовска ги смени директорите, тој потенцираше дека на новите директори ќе им биден потребен одреден период за да се прилагодат на институциите, но тој потенцираше дека од името на Советот на градот Скопје, а тоа го кажувал и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе направат се институциите да функционираат на најдобар можен начин во овие тешки моменти и предизвици кои претстојат. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан