• вторник, 24 декември 2024

Славески: Две недели нема одговор од Арсовска за седница за поставување советнички прашања

Славески: Две недели нема одговор од Арсовска за седница за поставување советнички прашања

5 октомври 2023

Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница на советот на крајот од седница по исцрпениот дневен ред ја информираше јавноста дека иако пред две недели до градоначалничката Данела Арсовска испратил писмо со кое ја известува дека планира да закаже редовна седница за поставување на советнички прашања во месец октомври и самата таа да одбере термин, се уште нема одговор.

Само една информација, на 19 септември, пред точно 2 недели, како што спомнав испратив писмо до градоначалникот на Град Скопје со следната содржина: Почитувана, ве известувам дека планирам да закажам редовна седница на Советот на Град Скопје посветена на поставување на советнички прашања во текот на месец октомври. Како можни термини за одржување на седницата се 12 и 19 октомври 2023 година. Ве молиме да ни посочите еден од наведените термини и денови за одржување на седницата на Советот на Град Скопје за поставување на советнички прашања, на која ќе биде во можност да присуствува и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. До овој момент немам одговор на ова барање што мислам дека не е коректно. Може да се одговори со ДА или НЕ, или да се посочи некој друг термин, рече Славески.

Славески посочи дека според статут и деловник за работа на Град Скопје мора да се одржи седница за советнички прашања.

Ова не е коректно, и 2 недели немам одговор на она кое што е  предвидено и во статут и деловник за закажување на седница за поставување на советнички прашања, истакна Славески.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

 

Остани поврзан