• петок, 27 септември 2024

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

Скопјанка пронајдена почината во училиште, скопјанец во семејниот дом, телата на обдукција

Скопје, 26 септември 2024 (МИА) - Во просторија на основно училиште во населбата Илинден, пронајдена била почината 50-годишната С.М. од Скопје, вработена во училиштето, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Настанот бил пријавен вчера во 14:29 часот. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Претходно, во СВР - Скопје, пријавено било дека околу осум часот во семејниот дом на подрачјето на Драчево, пронајден бил починат скопјанецот Д.С., на возраст од 56 години.

Лекар од Итна медицинска помош и во овој случај констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. бд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан