• среда, 25 декември 2024

Скопското Обвинителство оформи предмет по интервјуто на Павловиќ-Латас со јутјуберот Лазаров

Скопското Обвинителство оформи предмет по интервјуто на Павловиќ-Латас со јутјуберот Лазаров

Скопје, 20 февруари 2023 (МИА) - Секторот за компјутерски криминал при МВР до Основното јавно обвинителство - Скопје достави известување за настанот за кој говори Драган Павловиќ-Латас во интервју на јутуберот Стефан Лазаров, емитувано на 15 февруари, информираат за МИА од скопското ОЈО.

Оттаму посочуваат дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.

Во исто време, и МВР информира дека поднело известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб канал.

- Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, се наведува во соопштението на МВР.

Во интервјуто, кое од вчера интензивно се споделува на социјалните мрежи, Павловиќ-Латас раскажува како на 15-годишна возраст тој и неколку негови другари злоставувале девојка. мс/сп/ 

фото: принтскрин/youtube.com

Остани поврзан