• сабота, 23 ноември 2024

Сиљановска Давкова ги посети припадниците на Армијата кои учествуваат во гаснењето на големиот пожар на планината Серта

Сиљановска Давкова ги посети припадниците на Армијата кои учествуваат во гаснењето на големиот пожар на планината Серта

Неготино, 18 јули 2024 (МИА) - Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги посети припадниците на Армијата кои  гаснат на големиот пожар на планината Серта кај неготинско Калањево.

-Претсетсателката како врховна командантка на вооружените сили е таму каде што има припадници на војска. Верувам во нивната способност, бидејќи секогаш кога било најтешко тие се наоѓале на вистинското место, подвлече таа.

Претседателката од страна на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, беше информирана за актуелната состојба со пожарите и активностите што се преземаат за нивно локализирање.

Врз основа на укажаната потреба и побарувања за поголем обем на ангажман во гасењето на пожарите, претседателката Сиљановска Давкова изутринава донела одлука за ангажирање дополнителни 200 припадници на Армијата во напорите за гасење на пожарите, со што вкупниот број на ангажирани армиски припадници е 300.

Припадниците на Армијата од составот на Командата за операции и Командата за обука и доктрини ќе извршуваат активности по насока на Центарот за управување со кризи, кој е надлежен за координација на сите вклучени институции.

null

Неготинскиот градоначалник Горан Стојанов информираше дека вчера во вечерните часови дошло до мало намалување на дејствувањето на пожарот. 

-Се надевам дека таквата состојба ќе се одржи во текот на денешниот и утрешниот ден за да можеме да преземеме повеќе мерки за да направиме едно застанување или опколување на самото село со механизација, да направиме пат за ако пожарот дојде или се спушти надолу, да можеме да дејствуваме со противпожарни екипи и противпожарни возила. Така што сега за сега ја следиме будно ситуацијата, ќе бидеме во координации и доколку има потреба воздухопловите ќе продолжат да дејствуваат на самиот терен, рече Стојанов.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов потсети дека со денови сe обидуваат да го стават под контрола овој пожар. 

-Но, како што може да  забележите, ветерот којшто дува, кој го менува правецот, дополнително го отежнува и онака тешкото гасење. Теренот е исклучително непристапен. Ако погледнете наоколу, густи дрвја, шума, трња во кои што не можат да се движат односно многу тешко може да се движат луѓе, појасни Ангелов.

null

Во овој момент на овој пожар кај село Клањево, на планината Серта на територијата на општина Неготино, дејствуваат двата полициски хеликоптери и еден црногорски хеликоптер.

 - Ефектот е добар, но е далеку од доволен бидејќи се работи за голема територија и тоа може да се види позади мене. Покрај хеликоптерите, долу во делот кон пожарот рано наутро, тргнаа 30 припадници на Армијата, додека од другата страна тргнаа 30 припадници на ЕБР и 30 пожарникари од локалните ТПП единици. Се обидоа да се приближат до местото на огнот, и со противпожарни метли и оние мешини коишто ги носат на грб да воспостават контрола, нагласи Ангелов. 

Но, додаде, многу тешко се одвива акцијата на гасење, бидејќи ако овде е 40 степени можеби и повеќе, онаму каде што гори температурата се качува можеби и до 80 степени. 

-Замислете да сте во сауна и да треба да мафтате со раце да гаснете пожар. Исклучително тешки услови за работа, но нашите храбри војници, полицајци, и пожарникари, се обидоа да воспостават контрола. Во овој момент користиме летала на неколку места, истакна Ангелов.

null

Покрај двата хеликоптери на МВР и еден самогорски хеликоптер кој што дејствуваат овде во село Калањево три, ер трактори на ДЗ и како еден хрватски канадер дејствува врз големиот пожар кај Росоман кај Кавадарци, додека еден хеликоптер од Турција и еден словенечки дејствуваат од Гевгелија Негорци кон Кожуф.

-За жал имаме уште неколку жешки точки каде што е потребна воздушна поддршка. Но дел од леталата поради своите техничко тактички карактеристики и поради некои ситни дефекти не можеа да полетат. Некои дефекти се отстрануваат и некои летала ќе станат достапни во следниот период. Како и да е генерално сите хеликоптери имаат ограничување кога е ваква температурата не е најбезбедно гаснењето на пожар. Значи хеликоптерите се оперативни за воени мисии, но не се  оперативни за гаснење пожар бидејќи гори целата планина. Температурата над тлото е навистина  многу висока. И во текот на денот ќе се обидеме повеќе да дејствуваме пешадиски, изјави тој.

null

Притоа истакна дека главен приоритет е спасување на човечки животи, на населените места, во овој момент нема загрозено ниту едно населено место. Ангелов нагласи дека теренот е исклучително тешко прооден и не смее да се дозволида бидат заглавени луѓе . 

Затоа и сме многу внимателни каде ги праќаме,каде ја праќаме живата сила, дали армија, полиција или ПП единица, сеедно, рече Ангелов. свд/сст/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан