Сити преку Јунајтед до трето по ред финале во Лига купот
- Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа загуби од Манчестер јунајтед во реванш полуфиналето со 1:0, но со вкупни 3:2 е вкупен победник.

Манчестер, 30 јануари 2020 (МИА) - Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот Лига куп, откако синоќа загуби од Манчестер јунајтед во реванш полуфиналето со 1:0, но со вкупни 3:2 е вкупен победник.
Тимот на Пеп Гвардиола трета година по ред ќе се бори за трофејот во ова натпреварување, нешто што го има направено Нотингем форест во периодот 1978-1980.
Рекордот му припаѓа на Ливерпул, кој четири години по ред играше во решавачкиот натпревар за Лига купот (1981-1984).
Ливерпул има осум трофеи, Сити шест.
Оваа година ривал на Ман Сити в финалето ќе биде Астон Вила. Натпреварот ќе се одржи на 1 март во Лондон на „Вембли“. зс/