• четврток, 26 декември 2024

Сите вработени во градинките ќе бидат тестирани, уште се бара решение како ќе работат

Сите вработени во градинките ќе бидат тестирани, уште се бара решение како ќе работат
Скопје, 7 мај 2020 (МИА) - Работна група составена од членови на Комисијата за заразни болести и Министерството за труд и социјална политика разгледува неколку опции како ќе се организираат градинките. Она што засега е познато е дека, со скринингот, кој ќе почне следната недела ќе бидат опфатени сите вработени во градинките. -Се разгледуваат можностите за помал број часови, организирање помали групи. Ние сакаме да донесеме решение што ќе биде спроведливо, а не само да изгледа добро на хартија, како на пример, да се внимава на дистанца, а децата тоа нема да можат да го почитуваат. Бараме решение кое ќе може да се имплементира. На решението уште работат експертите. Верувам дека до понеделник тоа ќе биде готово, изјави министерот Филипче. Центарот за јавно здравје во Скопје и Институтот за јавно здравје го завршиле планот за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории. Со скринингот, кој ќе почне следната недела, ќе бидат опфатени сите вработени во градинките, здравствени работници, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација, пациенти кои треба да примаат биолошка терапија. -Тоа се категории за кои ни е важно да индентификуваме асимптоматски носители. Ќе се прават ПЦР-тестови. Преку матичните лекари и матичните стоматолози ќе се земаат брисеви, информираше министерот Филипче. Тој истакна дека оваа година бројката на лица кои ќе бидат вакцинирани со вакцина за сезонски грип, ќе биде поголема. -Се смета дека таа вакцина може да даде некаков имунитет. Вакцината за овој вирус се очекува да биде достапна во 2021 година, рече Филипче. ир/лв/

Остани поврзан