Системот за електронско управување и распределување на предметите во фокус на средбата Филков-Кељменди
- Позитивните практики и искуства и информатичко-комуникациските технологии, односно т.н. систем за електронско управување и распределување на предметите, биле во фокусот на денешната средба на министерот за правда, Игор Филков, со државниот јавен обвинител, Бесим Кељменди.
Скопје, 8 октомври 2024 (МИА) - Позитивните практики и искуства и информатичко-комуникациските технологии, односно т.н. систем за електронско управување и распределување на предметите, биле во фокусот на денешната средба на министерот за правда, Игор Филков, со државниот јавен обвинител на Република Косово, Бесим Кељменди.
Како што информираат од Министерството за правда, на работната средба во рамки на службената посета на Република Косово, делегацијата предводена од министерот Филков присуствувала на презентација на начинот на работа на системот за електронско управување на предметите.
- На средбата се дискутираше за досегашната соработка меѓу двете држави на ова поле. Беа разменети и позитивните практики и искуства, а посебен акцент беше ставен на Информатичко-комуникациските технологии, стои во соопштението од МП.
Дополнуваат дека двете страни се согласиле за интензивна соработка и за нејзино натамошно продолжување и продлабочување во оваа сфера.ар/aa/
Фото: Министерство за правда