• четврток, 24 октомври 2024

Сириски војник загина, седум повредени во израелските напади врз Дамаск

Сириски војник загина, седум повредени во израелските напади врз Дамаск

Дамаск, 24 октомври 2024 (МИА) - Еден сириски војник загина, а седум се повредени во израелски напади насочени кон неколку локации во Сирија, објави денеска државната новинска агенција.

Израелските напади во зори беа насочени кон две локации во населбата Кафр Соуса во Дамаск и една од воените точки во Хомс, изјави воен извор во изјава за агенцијата.

Израел бомбардираше цели во Сирија за да го спречи Иран и неговите сојузнички милиции да го прошират своето воено влијание во земјата разурната од војна.

Израелските напади врз Сирија се зголемени од почетокот на војната во Газа на 7 октомври. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан