• сабота, 22 февруари 2025

Синер со изгубен сет избори трето коло на Австралија Опен

Синер со изгубен сет избори трето коло на Австралија Опен

Мелбурн, 16 јануари 2025 (МИА) – Светскиот рекет број еден Јаник Синер денес го победи Австралиецот Тристан Скулкејт со 4:6, 6:4, 6:1, 6:3 во второто коло на Австралија Опен.

На Италијанецот му беа потребни два часа и 50 минути за да слави победа над 173-от на АТП ранг-листата.

Дваесет и тригодишниот Синер имаше 14 аса, пет двојни грешки и пет конвертирани брејк топки од вкупно 13 шанси.

Во третото коло Синер ќе се соочи со Американецот Маркос Жирон.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Мелбурн изнесува 59,9 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан