• сабота, 23 ноември 2024

Синегубов: Најмалку 11 повредени во руски напад врз Харков

Синегубов: Најмалку 11 повредени во руски напад врз Харков

Киев, 8 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 11 лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руски напад во североисточниот украински град Харков, изјави регионалниот гувернер на Харков, Олег Синегубов.

Синегубов на „Телеграм“ изјавил дека нападот предизвикал штета на инфраструктурата. Властите сè уште истражуваат какво оружје користела Русија.

Украинската војска соопшти дека соборила 18 дронови лансирани од Русија таа ноќ. Руските сили употребија и два ракети Искандер-М за напад на јужниот регион Одеса, се вели во соопштението на воздухопловните сили објавено на Телеграм.

Руските сили за воздушна одбрана уништија 16 украински беспилотни летала во текот на ноќта, соопшти во меѓувреме руското Министерство за одбрана.

Четиринаесет од беспилотните летала беа соборени над регионот Белгород што граничи со Украина, а два над Црното Море, соопшти Министерството. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан