• сабота, 23 ноември 2024

Синдикалната минимална кошница за август 49 345 денари

Синдикалната минимална кошница за август 49 345 денари

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) - Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49 345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ). 

Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од претходниот месец јули за 725 денари. 

-Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалаците за 1,9 отсто, оценува Сојузот. мч/ цр

фото: МИА архива

Остани поврзан