• сабота, 23 ноември 2024

Симеска Димоска: Сè помал бројот на прекршоци кај трговците за маржите

Симеска Димоска: Сè помал бројот на прекршоци кај трговците за маржите
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димоска денеска соопшти дека сè помал е бројот на прекршоци кај трговците во однос на Одлуката за трговската маржа на основните производи. Симеска Димоска присуствуваше на работниот состанок во Министерството за економија со производителите од прехранбената индустрија и претставниците на најголемите ланци маркети. Таа прифатила, како што изјави, со нив на посебен панел да разговара за сите дилеми и прашања кои ги имаат околу Законот за заштита на потрошувачите. - Последниов месец максимално се почитува Одлуката за трговската маржа на основните производи. Се помалку има прекршоци од страна на трговците, но и натаму ќе следиме што се случува на пазарот и постојано ќе бидеме на терен. На денешниот состанок од трговците побарав да го почитуваат Законот за заштита на потрошувачите кој веќе стапи во сила и со кој максимално прецизно се кажани сите нивни права и обврски, рече директорката. мч/сп/

Остани поврзан