• понеделник, 23 декември 2024

Силјановска-Давкова од Свети Николе: Заслужувате власт соодветна на вашето достоинство

Силјановска-Давкова од Свети Николе: Заслужувате власт соодветна на вашето достоинство

Свети Николе, 17 април 2024 (МИА) – Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете, порача вечерва од Свети Николе, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО - ДПМНЕ и коалициските партнери, Гордана Силјановска-Давкова. Таа се осврна и на пораките кои нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски ги упатувал во 2019 година и сега за влезот на нашата земја во ЕУ, како и за Договорот со Бугарија.

-Мислам дека се што тогаш тврдеше дека набрзо ќе се случи, дека ние сме склучиле соломонски договор, дека тоа бил компромис не се реализира. Не само што не направивме чекор напред, тука направивме чекор назад, Зошто, сега преговараме со соседот за почеток на преговори. Феномен и преседан, каков што немало од формирањето на Европската унија, рече Силјановска-Давкова на митинг во Свети Николе.

Таа истакна дека сите соседи наброени во Уставот,  во уставното право не е познат таков феномен. Забележа дека ЕУ ја гарантира различноста, а не на сличностите на нејзините членки, но со ветото и барањата од соседна Бугарија всушност се бараат сличностите.

-Не е точно дека нема решение, треба да дојдат нови луѓе на власт и да се водиме од нашите државни и националните интереси, порача вечерва Силјановска-Давкова.

Поддршка и даде лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, којшто на митинзите во Свети Николе и Чашка  истакна дека „чувствуваат дека како ВМРО-ДПМНЕ и како Коалиција ја имаат довербата“.

-  Ни преостанува уште пет дена кампања за првиот круг претседателски избори. А, од утре почнува кампањата за парламентарните избори. Од оваа поддршка можам да заклучам дека сме пред еден огромен историски резултат, истакна Мицкоски од митингот во Чашка.

Порача дека е потребен историски резултат за да како што рече „можеме да ја трансформираме Македонија“. 

-Овие пак од ДУИ ме обвинуваат често пати на оние митинзи дека јас сум бил анти Албанец, дека сум бил ксенофоб и тогаш им го поставувам прашањето од кога важи правилото дека криминалот има етничка припадност. Од кога важи правилото дека ако ДУИ бидат нападнати затоа што прават криминал и го ограбуваат народот во Македонија, ги ограбуваат граѓаните, тогаш тој криминал има етничка припадност, рече Мицкоски, истакнувајќи дека криминалецот нема етничка припадност или си криминалец, или не си. вдј/лв/

Фото: ВМРО ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан