Силен земјотрес го погоди западен Иран
- Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Иран, соопшти иранската сеизмолошка служба.
Техеран, 5 декември 2024 (МИА) - Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Иран, соопшти иранската сеизмолошка служба.
Земјотресот е регистриран утрово во 7:32 часот по локално време во провинцијата Кузестан на длабочина од 10 километри, се наведува во извештајот.
Ова е втор земјотрес во последната недела што се случи во таа покраина, а засега нема извештаи за евентуални штети или жртви. мс/
фото: МИА архива