Си-Би-Ес: Трамп не ја стави раката на Библијата додека полагаше заклетва

Вaшингтон, 21 јануари 2025 (МИА)- Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп не ја стави раката на Библијата додека положи заклетва за време на неговата денешна инаугурација, објави американската ТВ мрежа Си-Би-Ес.
Додека првата дама Меланија Трамп стоеше до него држејќи две Библии - едната што му ја дала мајка му на Трамп кога тој бил дете, а другата што ја користел Абрахам Линколн на неговата инаугурација во 1861 година, снимката покажува дека претседателот не ја става раката на нив, наведува американскиот медиум.
Десната рака му била подигната, додека левата рака ја држел надолу покрај себе, јави Си-Би-Ес. зш/