СЗО: Секој десетти пациент има симптоми на коронавирус и по три месеци
- Светската здравствена организација за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата.
![СЗО: Секој десетти пациент има симптоми на коронавирус и по три месеци](https://mia.mk/index.php/images/20221106121928_big_730x400_59.webp )
Женева, 25 февруари 2021 (МИА) - Светската здравствена организација за Европа денеска соопшти дека секој десетти пациент заразен со коронавирус има симптоми на болеста и три месеци по инфекцијата.
Директорот на Канцеларијата на СЗО за Европа, Ханс Клуге рече дека т.н. „продолжен ковид“ останува непознат, но дека проблемот е реален и значаен.
СЗО апелира политичките актери да направат повеќе за да се посвети внимание и да се третира долготрајниот Ковид, кој, меѓу другото, се манифестира со силен замор, болка во градите, срцеви проблеми, главоболки, заборавеност, депресија, губење на чувство за мирис, дијареја и кивање.
Клуге рече дека достапните податоци покажуваат дека секое четврто лице заразено со Ковид има симптоми и еден месец по добивањето позитивен тест, додека секој десетти има симптоми дури и по 12 недели. паг/