• петок, 05 декември 2025

Се чисти кејот на реката Вардар

Се чисти кејот на реката Вардар

Скопје, 26 ноември 2025 (МИА) - Екипите на јавните претпријатија во Скопје го чистат кејот на реката Вардар, објави на Фејсбук градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

- Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки - сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото, наведува Ѓорѓиевски.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи, како што поосчува, скопјани и сите гости на главниот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола.

- Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува, нагласува градоначалникот Ѓорѓиевски.са/дма/

Фото: ФБ Орце Ѓорѓиевски

Остани поврзан