• понеделник, 03 март 2025

Се садат нови садници кај новиот Градски пазар во Делчево

Се садат нови садници кај новиот Градски пазар во Делчево

Делчево, 12 декември 2023 (МИА) - Садници од јавор и црвена слива ќе ги красат зелените површини кај новиот градски пазар и пешачкиот мост во Делчево, информираа од Општината. Во денешната акција за пошумување која ја спроведоа екипи на ЈКП „Брегалница“ се засадени 70 садници јавор и 30 садници црвена слива. 

- Дополнително ќе се врши пошумување и на јавните зелени површини од паркот „Езерца“ кон градскиот стадион. Исто така, ќе се изврши замена на оштетените садници засадени во централното градско подрачје и на зелените површини по булеварот „Македонија“, истакнаа од Општината.
 
Садниците ги набави Општина Делчево во тендерска постапка при што од Буџетот се одвоени 233.640 ден. со вклучен ДДВ.

- Економски оператор е „Градина цвет“ од с. Владиевци, Василево, како најдобар понудувач. Целта на оваа акција е да се збогатат содржините во јавните зелени површини во градот, да се оплемени и озелени просторот околу новите објекти, новиот градски пазар и пешачкиот мост со што овој дел од градот, каде претходно се изградени и современи сообраќајници и паркинг-простор, да добие современ урбан лик и зелени површини, додадоа од Општина Делчево.

Засадувањето на новите садници очекуваат значително да влијаат и на прочистувањето на амбиенталниот воздух и почиста животна средина. вс/мд/

Фото: МИА

Остани поврзан