• понеделник, 09 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Се реконструира патот до кавадаречко Чемерско

Се реконструира патот до кавадаречко Чемерско

Кавадарци, 16 април 2025 (МИА) - Се реконструира патот до кавадаречкото село Чемерско, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

- Започна реконструкцијата на локален пат до село Чемерско во должина од 830 метри, активностите опфаќаат целосно вадење на стариот асфалт на патот, банкини и проширување на патната делница, по што ќе следи и целосно асфалтирање на површина од 4.500 квадратни метри. Изведувач на работите е фирмата Градба промет, соопштија од кабинетот на Јанчев. 

Оттаму појаснија дека финансиската конструкција изнесува 8.800.000 денари, инвестиција од Влада на Република Македонија. свд/дма/


Фото : Фејсбук на градоначалникот Јанчев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан