• сабота, 23 ноември 2024

Се проширува и регулира дивиот паркинг зад Народна Банка

Се проширува и регулира дивиот паркинг зад Народна Банка

Скопје, 7 септември 2023 (МИА) -  Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, беше на увид на инфраструктурните зафати при отстранување на оштетениот асфалт и проширувањето на паркингот зад Народна банка на Република Северна Македонија.

Паркингот на околу 3000 метри квадратни, ќе обезбеди паркинг места за околу 250 автомобили.

Герасимовски порачал дека конечно просторот ќе биде уреден и ќе се воведе ред во паркирањето.

- Конечно го уредуваме и регулираме просторот на дивиот паркинг на кој се паркираа автомобили кој кај ќе стигне. На целиот простор комплетно ќе биде изгребана цела површина и ќе биде вградена нова асфалтна маса дополнително овој паркинг простор ќе биде обележан согласно сообраќајниот проект на Паркинзи на Општина Центар. Ги замолуваме граѓаните за трпеливост за време на извршувањето на овие градежни активности со цел предвидените активности да завршат во предвидениот рок од 30 дена, изјавил градоначалникот Герасимовски, информираа денеска од Општина Центар.

По површните инфраструктурни зафати Јавното Претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ ќе ги обележи паркинг местата со цел да има ред во паркирањето и ќе постави инфо обележје за корисниците на паркингот. Овој отворен паркинг, посочуваат од Општина Центар, главно го користат вработени од институциите и околните претпријатија. цр/аа/

Фото:Општина Центар

Остани поврзан