• среда, 12 март 2025

Се прави пристапен пат до земјоделско земјиште кај велешкото село Мамутчево

Се прави пристапен пат до земјоделско земјиште кај велешкото село Мамутчево

Велес, 9 март 2023 (МИА) - Во тек се градежни активности за уредување на пристапен пат до земјоделско обработливо земјиште во село Мамутчево, во должина од 750 метри.

Овој проект е во соработка со Центарот за развој на Вардарски плански регион, а средствата се обезбедени преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, информираат од Општина Велес

- Со инвестирањето во руралните средини придонесуваме за рамномерен развој на Општината и земјоделството како важна стопанска гранка.Равојот на руралните средини е неопходен за развој на општината, потенцираат од Општина Велес. ад/цр

Фото: Општина Велес

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан