• петок, 08 ноември 2024

Се поставува урбана опрема на кејот во Охрид, продажба на производи само од типизирани куќарки

Се поставува урбана опрема на кејот во Охрид, продажба на производи само од типизирани куќарки
Охрид, 17 мај 2021 (МИА) – Општина Охрид од утрово започна со поставувањето урбана опрема на кејот „Македонија“, како подготовка за претстојната летна туристичка сезона. Екипи на „Охридски комуналец“ на пешачката зона на кејот на Охридското Езеро ги поставуваат типизираните куќарки што Општината ги набави за угостителска намена, како локации каде ќе се нудат прехранбени производи. Куќарките што прв пат беа употребени за потребите на Новогодишниот базар на Градскиот плоштад ќе бидат целосно поврзани на електричната и водоводната мрежа за да обезбедат услови за безбедно работење. Според најавите од Општина Охрид, се работи за обид да се воспостави ред во услужните дејности, односно да се спречи продавањето храна на туристите од привремена урбана опрема што не исполнува минимални безбедносни услови. Најавено е дека право на продавање прехранбени производи на шеталиштето во градот ќе биде дозволено само за оние угостители и трговци што ќе закупат од привремените објекти поставени за таа намена, додека „дивите“ продавачи ќе бидат отстранети. аб/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан