• петок, 27 декември 2024

Се отстранува оштетениот бетонски ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во Пинтија

Се отстранува оштетениот бетонски ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ во Пинтија

Скопје, 26 август 2022 (МИА) - Целосно се отстранува стариот и оштетен бетонски потпорен ѕид на булеварот „Борис Трајковски“ кај семафорите во скопската населба Пинтија, информираат од ЈП „Улици и патишта“

-По изработката на проектното решение ЈП Улици и патишта во координација со службите од Градот Скопје започна со подготвителни работи за изведба на потпорниот ѕид, првенствено со обележување и заградување на просторот на градилиштето, а по овие фази следува ископ на земја на потпорната конструкција. Потпорниот ѕид на бул. Борис Трајковски има променлива висина, а вкупната должина е 152.45 метри, се вели во соопштението. 

Откако ќе бидат изведени армирачко бетонските работи на потпорниот ѕид, од ЈП „Улици и патишта“ соопштија дека ќе се постави дренажниот систем кој се состои од дренажна цевка, филтерски материјал и барбакани. ки/са/

Остани поврзан